X
 03.03.2015 Образование

Битолските средношколци одбиени од страна на училиштето

Во среда (4 март) ќе се одржи првиот средношколски пленум на кој ќе присуствуваат битолските средношколци. Средбата е закажана за 19:30 часот а беше предвидена да се одржи во Економското училиште во Битола. Меѓутоа, средношколците беа одбиени од страна на училиштето за ослободување на една просторија за дискусија за проблемите.


Пленумот сепак ќе биде одржан, и тоа пред училиштето.

Следува објавата на Средношколскиот пленум во врска со забраната:

„По процедурално поднесено барање до директорката на СОЕУ „Јане Сандански“ за ослободување на една просторија во која требаше да биде одржан пленум и да се дискутира и дебатира за проблемите во образовниот систем бевме одбиени за истото со изговор дека не сме регистрирани како формална организација.

Училиштето е вториот дом на средношколците, и ние таму припаѓаме, но добиваме забрани за користење на просторија во една јавна установа. Сепак, тоа нема да не спречи.

Пленумот ќе го одржиме на отворено, на ниски температури пред самото економско училиште Ве покануваме сите да ни се придружите и заедно да се избориме против неквалитетното образование!“

Настанот на „Фејсбук“.

Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование