X
 28.09.2015 Култура

Златната камера 300 отиде во рацете на Маѓаш Ердели

манаки

 

Маќаш Ердели е добитник на Златна камера 300 на годинешното 36-то издание на филмскиот фестивал Браќа Манаки. Ердели ја доби наградата за филмот „Синот на Саул“.


Сребрената камера 300 отиде во рацете на Адам Аркапо за филмот „Макбет“, додека Бронзената камера 300 ја доби кинематограферот „Матео Гусман“ за филмот „Земја и сенка“.

Според претседателот Ришард Ленчевски, одлуката беше тешка. „Видовме многу интересни филмови и имавме тешка одлука“, изјави тој

Наградата за животно дело ја доби Божидар Бота Николиќ.

„Во оваа професија сум 47 години и можам да кажам во светот не постои место каде те застануваат на улица како тука во Битола и те прашуваат за камерата во филмот. Браќата Манаки поставиле одлична основа и сега сигурно би се гордееле“, изјави Бота Николиќ.

Добитникот на уште една награда за животно дело, кинематограферот Јаромир Шофр од Чешка ја искажа неговата надеж сите филмови да бидат дигитализирани, затоа што тоа е единствениот начин тие да бидат зачувани.

Наградата Бона деа за најдобра камера му припадна на филмот „Планина“ во режија на Салавиза, а кинематографер беше Вијана.

Во програмата СЕЕ камера, наградата Златен Манаки за најдобар филм жирито ја додели на филмот Сивас.

Наградата за најдобар кинематографер во оваа програма е прогалсен Милош Срдиќ за филмот „Шумите се се`уште зелени“, а кинематограферот Горан Наумовски ја доби наградата Мала златна камера 300 за филмот „Долу од рајот“. 

 
ГАЛЕРИЈА ОД ЗАТВОРАЊЕТО

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура