X
 04.03.2015 Живот

Физичките ефекти кои на нас ги има гледањето ТВ

Што се случува кога „се оставате“ пред телевизор за време на викендот? Вестите не се добри.


На вашиот 'рбет

Проблемот е во седењето, кое го искривува 'рбетот во форма на С. Долгото седење може да предизвика болка во мускулите и притискање на органите.

На нозете

Луѓето кои гледаат телевизија многу често имаат 40% помалку шанси да вежбаат помалку од еднаш неделно отколку оние кои не гледаат телевизија, според истражување кое траело шест години.

На стомакот

Прекумерното гледање телевизија дебелее. Шестгодишно истражување открило дека за секои два часа ТВ кои ги гледате дневно си ги зголемувате шансите за здебелување за 23%.

На мозокот

Истражувачите неодамна откриле дека долгото гледање телевизија или долгото гледање во компјутерски екран пред спиење го отежнува заспивањето и го зголемува уморот во текот на денот.

На белите дробови

Седењето ја намалува способноста на белите дробови за една третина, поради што користите помалку кислород, што предизвикува ослабување на фокусот веднаш штом седнете на каучот.

На срцето

Едно истражување спроведено во Австралија открило дека секој час гледање телевизија по возраст од 25 години го скратува животот за 22 минути.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот