X
 28.01.2024 Спорт

Тениското топче е жолто благодарение на Дејвид Атенборо

Тениските топчиња порано биле црни или бели. Малкумина знаат дека токму природонаучникот и телевизиски презентер Дејвид Атенборо стои зад промената.

Тениските топчиња биле црни или бели до 70-тите години на минатиот век. Бојата на тениското топче зависела од бојата на теренот. Меѓутоа, Атенборо, кој работел за Би-би-си во 1967 година, работел на промената на телевизиската програма од црно-бела во програма во боја.

Тој забележал дека со воведувањето на телевизорите во боја станало потешко да се забележи тениското топче на телевизорот. Телевизијата барала промена на бојата на топчето од владата повеќепати, сѐ додека барањето не било одобрено.

Како резултат на тоа, „оптичкото жолто“ топче било одобрено од Меѓународната тениска федерација во 1972 година.

Извор: Indy100
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Спорт