X
 04.03.2015 Култура

Музичарот Лу Рид: "Битлсите беа ѓубре!"

„Blank on Blank“ е серија којашто изгубените аудио интервјуа со влијателни културни дејци ги анимира во стилски, минималистички скици.

 

1

 

Неодамна откриеното интервју со новинарот Џо Смит и Лу Рид од 20 март 1987 година, открива дека пејачот не ги обожавал баш другите музичари кои правеле музика во тоа време.


Пред да започне да критикува, Рид дискутира за негативниот прием на неговиот прв албум. „Ја напишав песната Heroin, а луѓето започнаа да реагираат како да го убив Папата или нешто слично“. Тој тврди дека амбициите на The Velvet Underground не е да продава албуми, туку да ја воздигне рокенрол песната и да ја однесе онаму кадешто претходно не била. Потоа, пред да ги критикува Битлсите, тој ги критикува The Doors. „Од моја гледна точка - и знам дека ова ќе звучи претенциозно - тие се болно глупави и петенциозни. Кога тие се обидуваат да влезат во, наводници „уметноста“, беше многу полошо од глупав рокенрол. Она што го подразбира под глупави, мислам на The Doors“.

Кога Смит го предизвикува и го прашува за мислење за „Ленон и Битлсите“, Рид вели: „Никогаш не ми се допаѓале Битлсите. Сметав дека тие се ѓубре“. Погледнете го целото интервју.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура