X
 05.03.2015 Наука

Хомер Симпсон бил на чекор да го открие Хигсовиот Бозон

Новата книга насловена „The Simpsons and their mathematical secrets“ тврди дека Хомер Симпсон скоро ќе ја откриел масата на Хигсовиот бозон 14 години пред било кој научник.

 

симп


За време на епизодата „The wizard of evergreen terrace“, која се емитувала во септември 1998 година, Хомер напишал равенка на таблата, кој се испоставува дека е равенката што ја предвидува масата на Хигсовиот бозон односно „Божјата честичка“.

Авторот на книгата Симон Синг вели дека равенката ја предвидува масата на Хигсовиот бозон. Тој додава: „Ако работите подолго време на неа, ќе ја добиете масата на Хигсовиот бозон што е малку поголема од нано масата на вистинскиот Хигсов бозон. Неверојатно е како Хомер го прави ова предвидување 14 години пред да го откријат научниците“.

Хигсовиот бозон е „механизмот што дава маса на основните предмети, што значи дека неговото постоење помага во објаснувањето на постоењето на речиси се` друго“. 

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука