X
 19.12.2015 Технологија

Како светот ќе изгледа во 2045 година?

Агенцијата на американската војска DARPA, е одговорна за развивање на нова технологија, која често се проширува и ја користи цивилното население. DARPA кон крајот на 60-тите се разви во ARPANET, која подоцна прерасна и на интернет, и ги постави темелите на Глобалниот систем за позиционирање (GPS).

 

технологија


Во серијата видео прилози, лидерите на DARPA ја преставуваат својата визија за светот и како тој ќе изгледа во 2045 година, кога многу технологии кои денес се`уште се во развој ќе бидат позрели и понапредни.

Иако предвидувањето на иднината е доста неблагодарна работа, мора да се земе во предвид дека некои луѓе сепак се во преднот - на пример оние кои активно работат на доведување на иднината која ја предвидуваат.

Лидерот на програмата во Канцеларијата за биолошка технологија, невронаучникот Д-р Џастин Санчез, верува дека дотогаш сите уреди ќе ги управуваме со помош на нашиот ум.

„Замислете свет во кој само го користите вашиот ум за да управувате со вашето опкружување. Замислете како би било  кога би управувале различни функции во нашиот дом само со користење на сигнали на нашиот мозок, или кога би комуницирале со пријателите и семејството само користејќи ја нервната активност во вашиот мозок“, вели тој.

 

DARPA моментално работи на неверотехнологија која ќе овозможи ваков облик на комуникации, а денес постојат прототипови со кои може да се управува со возила или роботски протези со кои се управува со мислите. Во блиска иднина, научниците веруваат дека оваа технологија ќе стане поефикасна, поевтина и се`присутна.


Директорот на Канцеларијата за одбранбена наука Стефани Томплинс верува дека со светот во 2045 година ќе доминира нанотехнологијата. Притоа мисли на се` поголемата способност на манипулирање со материјали на атомско ниво, па така во иднината нанотехнологијата ќе измисли посилни и полесни материјали.

 

„Зградите во кои живееме, автомобилите кои ги возиме, авионите, сите овие работи ќе бидат изградени од материјал кој ќе има својство кое денес го сметаме за невозможно“, вели Томпкинс.


Заменик директорката на Канцеларијата за тактичка технологија, Пам Мелрој, воздухопловен инженер и поранешен астронаут, зборува за иднина со беспилотни летала и роботи кои стануваат се` пошироко распространети - најновиот проект на DARPA развива „вампирски беспилотни летала“ кои се растураат во текот на денот и така не оставаат никаква трага од нивните активности.

 

Мелрој тврди дека со напредокот на вештачката интелигенција, ќе им се овозможи на луѓето да работат со машините како со паррнери, кои ќе ги сфаќаат нашите намери во многу посложените задачи.


DARPA развива систем кој ќе им овозможи на роботите да ја почувствуваат и анализираат нашата емотивна состојба во реално време, што ќе им овозможи да ги предвидат нашите потреби пред воопшто самите да знаеме.

Борбените роботи до 2030 година ќе бидат четвртина од вкупната воена сила, динамички ќе ги препознаваат нашите наредби и истворемено ќе управуваат со многу системи.

„На пример, сега за подготовка на слетување на авионот постојат многу чекори кои мораат да се преземат за да се подготви авионот, од навигација, излегување на автопилотот итн. Сите овие чекори ќе можат да се изработат во точно одреден редослед“, вели Мелрој.

Во иднина, слетувањето би било доста поедноставно - пилотот би рекол „подготви се за слетување“, а компјутерот ќе знае прилично комплексна низа на чекори кои ќе треба да ги преземе за да се случи тоа. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија