Во текот на вчерашниот ден Наставничкиот пленум напиша текст за програмата „Кембриџ“ во нашето образование. Накратко, се бара „итна реорганизација на содржините и прилагодување на наставата во согласност со наведените психолошки законитости доколку не сакаме создавање луѓе со ниска самодоверба и неспособност за критичко и логично размислување“. Следува целиот текст.
„Жан Пијаже, еден од најистакнатите клинички психолози и претставник на конструктивизмот во Европа, чиј втемелувач е Џон Дјуи (САД), во својата теорија за когнитивниот развој на детето во првите години од животот, издвоил четири главни периоди на развојот на мислењето: сензомоторна, предоперационална, фаза на конретни операции и фаза на формални операции.
Како што е прикажано подолу, интелигенцијата не е иста во различни возрасти. Се променува квалитативно, постигнувајќи пошироки, поапстрактни и поурамнотежени структури и на тој начин овозможува пристап до различни нивоа на организација на светот.
Кај децата од 2 -7 годишна возраст, во која спаѓаат најголемиот број на ученици од раната училишна возраст е застапена предоперационалната фаза на когнитивен развој и подфазата на интуитивно мислење. На овој степен на развој кај децата постојат одредени логички грешки, особено поврзани со конзервацијата односно разбирањето дека количество, должина или бројот на предмети е поврзано со изгледот на предметот. На пример доколку пред нив ставите иста количина на течност во две различни форми на предмети ставени една до друга, тие ќе ви кажат дека има повеќе вода во предметот во кој нивото на течност изгледа повисоко од нивото на течност на другиот предмет. Децата кои се наоѓаат на овој степен на развој не се способни за изведување на конретни операции кои бараат употреба на соодветно логичко мислење. Фазата на конкретните операции е третата од четирите фази од теоријата на Пијаже за когнитивниот развој. Оваа фаза, која следи по претоперационалната фаза, се јавува на возраст помеѓу 7 и 11 години и се карактеризира со соодветна употреба на логика. Важни процеси во текот на овој стадиум се:
Серијација – способноста за подредување предмети во ред според големината, форма или некоја друга особина.
Транзитивност – способноста да се препознае логичка поврзаност меѓу елементите во сериски ред и да донесува преодни заклучоци (на пример, ако А е повисок од Б, а Б е повисок од В, тогаш А мора да биде повисок од В).
Класификација – способноста да именува и да препознае група предмети според изгледот, големината или други особини, вклучувајќи ја и идејата дека една група предмети може да исклучува друга.
Децентрирање – каде што детето зема во предвид повеќе аспекти на решавање на проблемот. Реверзибилност – детето разбира дека броевите или предмети те може да се променат, а потоа се вратат во нивната оригинална состојба.
Поради оваа причина, детето ќе биде способно брзо да сфати дека ако 4 + 4 е еднакво на 8,
8 – 4 ќе е еднакво на 4.
Конзервација – разбирањето дека количество, должина или број на предмети е поврзано со уредувањето или изгледот на предмет или предмети. Намалување на егоцентризмот – способноста да ги гледа работите од друга перспектива е не само од личен агол. Сепак, децата во оваа фаза може само ги решат проблемите кои се однесуваат на вистински (конкретни) предмети и настани, а не и апстрактни поими или хипотетички задачи.
Како што е можеме да видиме, интелигенцијата не е иста во различни возрасти. Се променува квалитативно, постигнувајќи пошироки, поапстрактни и поурамнотежени структури и на тој начин овозможува пристап до различни нивоа на организација на светот.
Од досегашниот приказ на когнитивниот развој кај децата, треба да ни биде јасно дека наставниот материјал кој се нуди, МОРА да биде во согласност со фазата на развој во кој се наоѓа детето со блага стимулација за поттикнување на развојот.
Новата „КЕМБРИЏ“ – програма воопшто не ги следи главните психолошки фази на развој. Се форсираат конкретни операции со собирање и одземање на деца од 5 и пол или 6 годишна вораст кои не се во состојба да ја СФАТАТ конретната операција. Така тие се незадоволни со себе, стекнуваат ниска самодоверба, се јавува страм и фрустрација. Треба да се земе во предвид дека секое дете има индивидуално темпо на развој кое мора да се прати но тоа никако не значи дека она дете кое оди побавно во развојот нема да биде подеднакво солидно како детето кое има побрз когнитивен развој. Тие на одреден степен на развој тие можат да се изедначат. Значи материјалот кој е во согласност со периодот на конкретни операции, а им се нуди на децата кои се наоѓаат во предоперационалниот период го стимулира механичкото едноставно учење. Механичкото учење се базира на повторувањето, а ефектот на „учењето на памет“ е краткотраен бидејќи се заснова на краткотрајната меморија односно води кон брзо заборавање. Значи со оваа програма се стимулира механичко учење наместо учењето по пат на увидување кое е карактеристично за човекот а се одмерува согласно со степенот на когнитивен развој. Во предметите кои се изучуваат, нема поврзаност на информациите кои би го поттикнале позитивниот трансфер во учењето што означува процес на пренесување на ефектите од едно врз друго учење, а со тоа би си стимулирало учењето по пат на увидување кое има доготраен ефект и претставува огромна подлога за апликативност односно практична применливост на знаењата која би требало да биде главната цел на секој воспитно –образовен систем.
Единствена придобивка од оваа програма е раното изучување на странски јазик и потенцирањето на нагледноста при изучувањето на одредени содржини. Потребна е итна реорганизација на содржините и прилагодување на наставата во согласност со наведените психолошки законитости доколку не сакаме создавање луѓе со ниска самодоверба и неспособност за критичко и логично размислување.“
05.03,2015 Наставнички Пленум