X
 28.07.2021 Живот

Какво е влијанието на морето врз мозокот?

Морето, кое покрива речиси 80 отсто од нашата планета, е неверојатно длабоко место. Големите писатели секогаш му се восхитувале и го почитувале, а за повеќето луѓе тоа е многу повеќе од место во кое може да се плива.

Какво е влијанието на морето врз нашиот мозок?

Неколку психолози од Универзитетот „Стенфорд“ спровеле истражување за ефектите на морето врз човечкиот мозок. Еден од заклучоците е дека чувството на големина кое го предизвикува морето поттикнува состојба на длабока восхит и страхопочит во нашата глава. Овој процес создава чувство на благосостојба.


Фото: Pixabay

Морето поттикнува и позитивни промени во мозокот поради начинот на кој мозокот се обидува да обработи пејзаж. Затоа, морето радикално ги менува нашите ментални обрасци и нашата способност за донесување одлуки, па ни помага да бидеме и повеликодушни.

Освен тоа, нашата перцепција за време варира, па изгледа дека тече побавно, пишува ДДЛ.


Фото: Pixabay

Обично, додека зборуваме, разговараме или се грижиме за децата, нашиот мозок е ангажиран, но морето може да ја промени оваа состојба и да ги опушти менталните процеси. Во тој момент забораваме на грижите, а истовремено се поттикнува креативното размислување.

Морето може и да го зголеми ефектот на медитацијата преку звуците и визуелната убавина.

Извор: DDL
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот