X
 10.03.2015 Култура

Гробот кој стои среде пат со векови

Среде источниот пат бр. 400 во близина на Амити во Индијана, САД се наоѓа едно парче земја кое го раздвојува асфалтот на два делови. Земјата е гробот на Ненси Керлин Барнет (1793-1831).


Ненси Керлин имала 14 години кога се венчала со Вилијам Барнет во 1808 година. Тие се населиле во близина на Амити, Индијана.

Кога таа починала на 39-годишна возраст во 1831 година била закопана на мал рид на кој таа уживала во погледот. Во текот на следните години, таму биле закопани уште луѓе и биле создадени мали гробишта. Кон крајот на векот, округот Џонсон одлучил да изгради пат кој ќе поминува низ гробиштата, што значело дека тие требало да бидат преместени.





Еден од синовите на Ненси одбил да го премести нејзиниот гроб. Гробиштата веќе биле исчистени од останатите гробови, па градежниците го оставиле тој еден гроб недопрен и го изградиле патот околу него.

Подоцна се направил уште еден обид од страна на округот за да се премести гробот, но овојпта внукот на Ненси бил оној кој се побунил. Тој бил толку упорен во своите намери да го зачува гробот на својата баба што земал пушка и седел на гробот бранејќи го се' додека округот не попуштил.

Гробот се' уште стои таму.





Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура