X
 05.03.2015 Забава

Необични менија во "Мекдоналдс" ширум светот

Дали знаевте дека Малезија има свој бургер на просперитет? Индијците сакаат да јадат „Мек кари“, Израелците „Мек кебаб“, а Јужнокорејците во „Мекдоналдс“ јадат помфрит со путер и мед.


Менито во „Мекдоналдс“ не е секаде исто. Во некои земји може да сретнете јадења кои навистина ги нема никаде. Така, во Кина, Тајван и Хонг Конг хамбургерите се прават со црно и бело лепче. Црниот бургер содржи говедско месо со лук и сос од црн бибер, додека белиот има пилешко со сос и зелена салата. Во Јапонија познат е бургерот со печурки и јастог.

Во „Мекдоналдс“ во Индија, пак, може да се најде „Мек кари“, а во Малеција е популарен бургерот на просперитетот кој има говедско или пилешко месо со сос и лук.

Од друга страна, Израел нуди „Мек кебаб“, а во Турција може да се најде „Мек турко“. Има уште луди оброци кои се дел од менито на „Мекдоналдс“ низ светот.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава