X
 09.07.2021 Забава

Возачи, дали ги знаете правилата: Кој има првенство на минување на оваа раскрсница?

Кога ќе се најдат на сообраќајна раскрсница без семафори, возачите честопати се во дилема и не знаат кој има предност.

На фотографијата подолу, каде што се пресекуваат улица со и улица без првенство на минување, сообраќајот е регулиран со сообраќајни знаци. Дали знаете по кој редослед треба да се движат автомобилите?

На улицата со првенство на минување се движат два автомобила, од кои кафеавиот автомобил врти лево, додека синиот продолжува право.

На улицата без првенство на минување се движи трамвај кој продолжува право, полициското возило со вклучено ротациско светло врти лево, а од спротивниот правец, црвениот автомобил врти лево.



По кој редослед треба да се одвива сообраќајот?

1. Син автомобил - кафеав автомобил - полициско возило - црвен автомобил - трамвај;
2. Кафеав автомобил - полициско возило - син автомобил - трамвај - црвен автомобил;
3. Полициско возило - син автомобил - кафеав автомобил - трамвај - црвен автомобил;
4. Трамвај - полициско возило - син автомобил - црвен автомобил - кафеав автомобил.










Одговор:

Точниот одговор е под број 3.

Полицискиот автомобил поминува прв, како возило што во оваа ситуација има апсолутно првенство на минување. По него минуваат возилата што се движат по улица со првенство на минување: прво синиот автомобил бидејќи го одржува својот правец на движење, потоа кафеавиот кој врти лево.

Следен е трамвајот, бидејќи го одржува правецот на движење, но и поради фактот што станува збор за возило на шини. Црвениот автомобил последен ја минува раскрсницата.

Извор: Prva.rs
Фото: Facebook
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Забава