X
 14.03.2015 Живот

Како Португалија ја победи војната против дрогата?

Пред 15 години, Португалија се соочуваше со сериозен проблем со дрогата. Речиси 1% од населението во земјата беше зависник од хероин.

 

portugalija


Од 1990 година, стапката на СИДА кај корисниците на дрога била повисока во оваа земја отколку било која друга земја во Европската унија.

Неконтролираното користење на дрога потекнува од чувството на масовно ослободување од таканаречената „Каранфил револуција“ - воен удар без крвопролевање која ја ослободи Португалија од стегите на диктатурата и ја вовлече во модерна демократија.

Во тоа време Португалците се отворија себеси за нови политички идеи, економски можности и секако, со сето тоа порасна и употребата на тешките дроги.

Владините претставници најпрво му пријдоа на неконтролираното користење на дрога на сличен начин како Америка. Сепак, до крајот на 20-от век, употребата на хероин беше причина за масовни проблеми во општеството, такашто Владата усвои различен пристап: масовна легализација на сите супстанции.

Според новата политика која започна во 2001 година, ако некоја личност биде фатена со марихуана, хероин или друга дрога, тој или таа мора да се појави пред Комисија од три членови која помага во зависноста од дрога - таа обично се состои од адвокат, доктор и социјален работник. Комисијата може да препорача мала парична казна или програма за лекување. Во многу случаи, корисникот си заминува без никаква казна.

Денес, после 14 години, Португалија и застапниците на оваа програма ги разгледуваат податоците за да видат дали употребата на дрогата претрпела некакви промени. Тие покажуваат дека се направени големи придобивки во управувањето и намалувањето на тешката употреба на дрогата. Севкупно, употребата на дрога се намали и се задржа најмногу кај една група - од 15 до 24 годишна возраст, група која е најмногу изложена на ризик. Исто така, се намали и бројот на луѓето кои некогаш користеле дрога и продолжиле да го прават тоа, а стапките на ХИВ постепено се намалуваат.

Овие трендови укажуваат на успехот на програмата, но тоа не е единствената прогресивна политика во Португалија. Од 2000 година, Владата одобри гарантиран основен приход за сите граѓани. Покрај тоа, политиката за дрогата пополека се префрли во Министерството за здравство, која полека успева да го примени моделот за лекување на зависност од дрога во целост. 

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот