X
 31.03.2015 Култура

Тајното место на Големиот Кањон

И покрај тоа што е едно од најпосетените места во Америка, областа на Големиот Кањон во Аризона се`уште има тајни места.

 

 supai


Едно од овие места е индиското село Супаи кое се наоѓа на дното на Хавасу Кањонот исто така познат како Катаракта Кањон, на страничниот дел на Големиот Кањон.

Дом на племето Хавасупаи, кое живее најмалку 800 години, Супаи е можеби најизолираното село во Америка. Иако е на само 13 километри од најблискиот пат, во селото не може да се дојде со автомобил. Единствениот начин да се стигне до него е со хеликоптер или да се пешачи или јава муле по Хавасупаи патеката. Супаи е единственото место во Америка кадешто поштата се`уште се носи со муле.

Хавасупаи значи „луѓе на зелено-сината вода“. Името доаѓа од зелено-сините води на Хавасупаи Крик која тече низ Хавасу Кањонот и низ Супаи се` до влевањето во реката Колорадо. Племето Хавасупаи е најмалата индиска нација во Америка со вкупно 600 луѓе. Пред пристигнувањето на Европејците, оваа популација се протегала на област со големина на Делавер. Тие се занимавале со земјоделие, одгледувале пченка, тикви, дињи и грав. После жетвата, и со пристигнувањето на зимата, тие се преселиле до работ на кањонот каде мажите ловеле елени, антилопи и ситен дивеч, додека жените плетеле прекрасни кошници.

Овој идиличен животен стил бил прекинат со доаѓањето на рударите и фармерите во почетокот на 19-от век. Овие луѓе им ја зеле земјата и им ги ограничиле резервите од кањонот. Железницата Санта Фе ја уништила нивната плодна почва.

Исто така, почетокот на Големиот Кањон како национален парк во 1919 година го турнало племето до работ, особено затоа што нивната земја постојано се користела од службата на Националниот парк. Се` до 1975 година, после еден век борба со американскиот судски систем, владата им ја вратила земјата.

Денес овие луѓе продолжуваат со нивното земјоделие и плетење кошници, но нивниот примарен извор на приходи е преку туризмот. Секоја година, преку 20.000 туристи пешачат до селото кое се наоѓа на патот до спектакуларните водопади на Хавасу Кањонот. Во селото е развиен туризмот и угостителството, а тоа денес има и училиште, капела, мала христијанска црква и многу други згради.

 

ГАЛЕРИЈА

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура