Доколку размислувате за нова професија, можеби треба да ги усовршите вештините во областа на електронската продажба или дигиталните содржини бидејќи тие се на листата со најбарани професии за 2021 на „Линкдин“.
Социјалната мрежа ги анализирала трендовите за вработување во 15 земји низ светот, а анализата покажала дека речиси сите барани професии во моментов вклучуваат опција за работа на далечина.
Во Обединетото Кралство двојно се зголемил бројот на луѓе што пазарат онлајн последнава година, а тоа придонесува за зголемувањето на
побарувачката за работници во секторот. Се забележал пораст и во користењето нови медиумски платформи како поткастите.
Фото: Pixabay
Луѓе што создаваат дигитални содржини се потребни и во Индија и во Обединетите Арапски Емирати. Околу 70% од жителите на Југоисточна Азија се онлајн, па во регионот се бараат професионалци за дигитални услуги. Најмногу се бараат дигитални услуги во областа на здравството и образованието. Фармацевтите, медицинските техничари и наставниците по информатика ќе бидат барани годинава.
Слично е и во Австралија, каде што се зголемила побарувачката за специјалисти за ментално здравје и други здравствени работници. Во САД, покрај здравствени работници, се бараат и специјалисти за вештачка интелигенција и слични области.
„Линкдин“ предвидува дека ќе се создадат 150 милиони нови работни места во областа на технологијата на глобално ниво во следните 5 години. Побарувачката за аналитичари на податоци се зголемува за 35% годишно во САД.
Фото: Pixabay
На листата со најбарани професии на „Линкдин“ изобилуваат професионалци од разни технолошки области. Социјалната мрежа предвидува дека најбарани професии во 2025 г. ќе бидат оние поврзани со обработка во облак, анализа на податоци, поврзани технолошки уреди, сајбер-безбедност и енкрипција, вештачка интелигенција, процесирање на текст, слика и глас, електронска продажба и дигитална трговија, роботика и виртуелна реалност.
Ќе бидат барани и професии поврзани со блокчејн-технологија, 3Д и 4Д-печатење и моделирање, чување и генерирање енергија, нови материјали, биотехнологија и квантно сметање.
Автор: Кетрин Руни
Извор:
weforum.org