X
 26.01.2015 Економија

Модерни начини на барање на работа

Барате работа и ги пребарувате сите можни места кои нудат можности? Доколку мислите да барате работа, најдобро би било прво да го проверите вашето присуство на социјалните мрежи.

 

1


Работодавците ги користат социјалните мрежи за да ги проверат потенцијалните кандидати - социјалните мрежи како LinkedIn, Twitter и Facebook се само рутинска проверка која ја прават работодавците. Овој инфографик ви покажува неколку чекори кои можете да ги направите за да го подобрите вашиот профил. 

 


Еден од чекорите е да создадете личен бренд на социјалните мрежи. Овој чекор бара постирање на фотографии, коментари и мислења кои треба да ве претстават во добро светло. Друг чекор е да ги следите работодавците на Twitter, особено оние кои се во вашата специфична индустрија или позиција. Следно што треба да го направите е на вашиот паметен телефон да симнете апликации за пребарување на работа.


Барањето работа никогаш не е лесно. Потребно е време и напор за да се направи CV, мотивационо писмо, како и кандидатот да се подготви за интервју, а сега и присуството на социјалните мрежи. Лесно е да ставате несоодвени фотографии, да зборувате лошо за вашиот шеф и да критикувате некој - но, секогаш имајте на ум дека вашите потенцијални работодавци имаат можност да го разгледаат вашиот профил. Запомнете дека треба да бидете внимателни што постирате.

 

rabota

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија