X
 01.04.2015 Култура

Луѓето на светот: 365 документарци направени за 365 дена

Епифани Морган и Карл Мејсон се австралиски пар кои штотуку завршија со патувањето низ светот, снимајки 365 мини документарни филмови во 365 денови.

 

луѓе


Во проектот кој започнал како лично патување, но се претворил во документарец за луѓето, тие патуваат во 30 земји, низ шест континенти: Азија, Африка, Јужна Америка, Австралија, Европа и Северна Америка. Епифани и Карл само што го завршија патувањето наречено 365 Docobites.

23 годишната Морган е дипломиран студент по филм и таа работа за продукциска компанија, додека 27 годишниот Мејсон е постар уредник во рекламна агенција. Тие пред точно една година одлучиле да го бркаат нивниот сон долг 76.000 километри, 9 терабајти снимки и 17 часа едитирани снимки.

На строг буџет од 40 долари денот, и спонзорство од организации за патување, парот одлучил да живее на диета со ориз, домати, ќебапи и од време на време луксузни оброци од Мекдоналдс.

„Постоеја моменти кога мислев дека повеќе не можам да издржам. Кога сфативме дека не ни останаа многу пари и кога не знаевме каде да спиеме и каде ќе одиме следните денови, помисливме: „Што по ѓаволите ќе правиме“. Едноставно во тие моменти не можевме да издржиме“,вели Мејсон.

Нивната љубов за патување и создавање на филмови беше токму причината која ги испрати на ова патување низ целиот свет, откако Морган наиде на фотографска книга со 365 страни. Од таму и` дојде идејата за документарците.

„Тешко е да им се објасни на луѓето дека патувањето низ светот и сите тие неверојатни искуства се навистина тешки. Тоа беше најневеројатното нешто кое можевме да го замислиме, но еднакво беше најзастрашувачкото и најстресното. Еднаш неделно или дневно, се соочувавме со напади на паника“, вели Морган.

Субјектите на документарците понекогаш беа случајни минувачи, а неколку пати имало и организирани средби.

„Првично не знаевме што ќе се случи и во што ќе се претвори. Не очекувавме да се претвори во нешто толку големо“, вели Морган. 

После долго селектирање на материјалот, тие одлучија за неколку документарци.  Ова се нивните најомилени од целиот проект.

 

"It's a very beautiful thing, all of that struggle"

 


"I'm gonna prevail, believe that”

 



"Nature has a way of paying you back in kindness"



"She asked me out"


 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура