Што значи да учите добро и што се` може да ви пречи во учењето? Учењето е активност која ве следи во текот на целиот период на образование. Тоа бара доста време, ангажирање и жртвување. Често пати се случува да заплачеме над книга, да се нервираме и да сме исполнети со бес.
Ви пречи што мораме да седите и да „бубате“, а со тоа да ја изгубите забавата. Во продолжение ви ги нудиме решенијата на најчестите проблеми и на кој начин да ги поминете сите потешкотии.
Учењето е долга или релативно долга промена во мозокот која е резултат на некоја претходна активност. Одлично, нели? Но на кој начин оваа дефиниција ви помага подобро да учиме?
Постојат различни облици и методи на учењето во зависност од предметите за учење, содржината, барањата и останати факти. Она од кое првенствено се учи на училиште и факултет се книгите. Така, пред вас се наоѓаат страници и страници без слики кои морате да ги научите. Професорите бараат да знаете се` од збор до збор, а родителите постојано ви повторуваат дека сте во најдобрите години од животот и дека учењето е многу полесно во однос на работењето.
Што се` може да ви пречи во текот на учењето и кои услови треба да постојат за успешно да научите?
- Пред се`, морате да создадете
физички услови - да не сте гладни и жедни, да имате своја соба или некој друг простор во кој би можеле да учите. Мирот и тишината се доста важни услови во учењето. Тие ви овозможуваат
да се сконцентрирате и да го
насочите вниманието кон книгата.
- Потоа, важна е и
организацијата на просторот и времето. Може ќе ви биде од помош ако знаете дека треба да учите од 12 до 16 часот. Исто така, на масата не треба да имате премногу работи кои ќе ви го одвлекуваат вниманието.
-
Слушањето за време на час или на предавања исто така може да придонесе во квалитетот на учењето.
- Ако бидете внимателни можете да соберете важни информации и да фаќате белешки кои ќе ви бидат од голема корист. Всушност, на предавањата треба да започне самиот процес на учење. Фаќањето белешки може да ви помогне да усвоите некои почетни знаења за предметот и да ви се разјаснат некои дилеми подоцна во учењето.
Кога ќе започнете со учењето, не мора веднаш да започните да читате и да повторувате.
- Корисно е прво да ја прегледате книгата, да ја видите содржината и предговорот, за да се запознаете со неа.
- Можете да учите наеднаш или во делови. Тоа зависи од обемот на материјалот за учење како и од вашите капацитети.
- Можете да подвлекувате во боја за да го извлечете она што е важно.
- Учењето не треба да се сведува само на повторување. Да, повторувањето е важно но треба соодветно да го организирате.
- Многу студенти и ученици учат навечер. Ноќното учење може да му одговара некому, но истражувањата велат дека дневното учење може да биде попродуктивно.
- Ако учите два или повеќе предмети обавезно направете пауза помеѓу учењето за да не дојде до мешање на информациите.
- Во текот на учењето важно е да имате активен пристап: да читате со разбирање, да поставувате прашања, да фаќате белешки, да ја истражувате темата и другите извори.
- Од помош може да ви биде учењето во група преку размена на мислењето.
- Исто така, имате право да барате од професорот да ви го објасни сето тоа што не ви е јасно.
Уште една доста важна работа која треба да му претходи на учењето, е ставот кон самото учење. Имено, од вашиот позитивен или негативен став зависи и вашата мотивација за учење.
Сите овие методи и техники најдобро успеваат доколку ги прилагодите на сопствениот стил на учење, на вашите можности и интереси. И најголемите препреки можат да се преминат доколку тргнете од почеток, бавно и трпеливо.