X
 18.03.2015 Образование

Кои се најдобрите универзитети од регионот?

Според најновите истражувања скопскиот универзитет „Св.Кирил и Методиј“ се наоѓа на 1.347-то место, во конкуренција со високообразовните институции во регионот.

 

ранг


Јавниот истражувачки центар „Webometrics“ од Шпанија во соработка со Советот за научно истражување, секоја година создава листа на најдобри универзитети во светот. Главниот критериум се географската големина на универзитетот, присуството во академскиот свет, објавените научни трудови и бројот на академски работници во универзитетот, популарноста, бројот на посети на страната на интернет и влијанието на интернет страната.

Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ се наоѓа на 1.347 место во конкуренција со 12.000 рангирани светски универзитети. Најдобриот универзитет во регионот е Универзитетот во Љубљана кој се наоѓа на 168 место, и Универзитетот во Загреб кој се наоѓа на 437 место.

Како што истакнува истражувачкиот центар „Webometrics“, целта на ова истражување е да го зголеми присуството на академските и истражувачките институции на интернет и да промовира слободен пристап до резултатите од научното истражување.

Ова се најдобро рангираните универзитети од регионот.

Универзитетот во Љубљана, 168 место

Универзитет во Загреб, 437 место

Универзитетот во Белград, 478 место

Универзитетот во Нови Сад, 1.031 место

Универзитетот во Ниш, 1.236 место

Универзитетот во Скопје, 1.347 место

Универзитетот во Риека, 1.728 место

Универзитетот во Сараево, 1.983 место

„Јосип Јурај универзитет“ во Осиек, 2.123 место

Универзитетот во Зеница, 3.270 место

Универзитетот на Црна Гора, 3.235 место

Меѓународниот универзитет Бурч во Сараево, 3.962 место

Универзитетот Епока - Албанија, 4.202 место

Универзитетот во Бања Лука, 5.141 место

Универзитетот во Источно Сараево, 9.438 место
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование