X
 24.11.2018 Образование

„Оксфорд“ ќе им ги плаќа патните трошоци на студентите од фамилии со ниски примања

Универзитетот „Оксфорд“ ќе им ги плати патните трошоци на некои студенти кои следниот месец ќе одат на интервју, како дел од иницијативата за охрабрување на студентите да аплицираат.

Интервјуата се важен дел од процесот на селекција на „Оксфорд“ и додека сместувањето и оброците во колеџите се бесплатни за кандидатите кои се поканети на интервју, универзитетот сака да се осигура и дека нема да има студенти кои не би можеле да одат на интервју затоа што патот до „Оксфорд“ е прилично скап.

Новиот систем стапи на сила за приемниот рок во октомври годинава и со него се предвидува плаќање однапред за британските студенти со ниски примања, кои учат во државни училишта и патуваат со јавен превоз. Студентите кои ќе бидат поканети на интервју ќе можат однапред да пополнат онлајн формулар и да си ги подигнат билетите од локалните железнички станици или да ги добијат на електронска пошта.

-Трошоците за патувањето може да бидат превисоки за кандидатите кои доаѓаат од далеку, особено за оние од фамилии со ниски примања. Ова е само еден мал чекор меѓу многуте кои ги прават колеџите за да ги охрабрат студентите кои инаку можеби нема да аплицираат за „Оксфорд“ - истакна професорката Меги Сноулинг.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование