И покрај наредбите за седење дома и ограничено движење, со помош на интернетот може да сведочиме на прекрасни настани и да гледаме прекрасни пејзажи од целиот свет. Овој пат НАСА одлучи да ги почести сите со слики од масовно цутење на афионот во Калифорнија, САД.
Цутењето било толку интензивно во средината на април, што можело да се види од вселената. Еден од сателитите на вселенската агенција ги направил овие слики на 14 април. Според
агенцијата, во регионот годинава имало повеќе дождови од обично.
Извор:
boredpanda.com
Фото: NASA