X
 21.03.2015 Економија

Тајните за богатството на Ворен Бафет

Тој е еден од најуспешните инвестотори во историјата. Мислиме дека вреди да се следат неговите постапки, не мислите така?


Тој е посветен ученик кога се работи за инвестирањето

Бидете подготвени да учите и да ги следите стапките на Бафет. Тој започнал да учи за инвестирањето уште како студент на „Колумбија“. Деталите и методите кои ги научил за инвестирањето како млад е првата негова тајна.

Тој се држи до своите принципи дури и кога тие не се популарни

Ворен Бафет не инвестира онаму кадешто сите инвестираат. Во еден текст за Би-би-си од 2001 година тој посочува дека „инвеститорите често се хипнотизирани од некој тренд и игнорираат се' останато“.

Тој ги подобрил своите вештини за говорење со вежбање

За да има пари за инвестирање, Бафет разбрал одамна дека треба да го зголеми богатството, но и да работи на професионалните вештини. Кога бил на почетокот на 20-те години, тој плаќал за курс за вештини на говорење и за да вежба предавал на универзитет.

Тој чита многу

„Читам 500 страници секој ден. Вака се добива знаењето.“

Секојдневното читање е важна навика која ја поседува Бафет. Тој чита весници, финансиски извештаи, книги. Читањето е тајна за збогатување која секој може да ја практикува.

Тој го зголемува богатството полека

За разлика од технолошките претприемачи на денешницата, Бафет го добил своето богатство полека во текот на повеќе децении. Обидот за брзо збогатување е рецепт за катастрофа.

Тој е скромен

Бафет е познат по тоа што трошо многу мал дел од своето богатство. Тој се' уште живее во истата куќа во Омаха која ја купил во 1950-те.

Тој започнал да заработува како тинејџер

Растејќи, Бафет бил решен да заработува. Кога имал 17 години, тој заработувал 5.000 долари разнесувајќи весници. Тој ги користел парите за инвестиции уште тогаш. Неговиот ран почеток му помогнал да се збогати побрзо.

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Економија