X
 22.03.2015 Образование

Учениците некогаш и сега - што се променило?

Под зборот „ученик“ се подразбира млада личност која има задачи од септември до јуни, кои мора да ги извршува во текот на одреден број часови секој работен ден. Тоа се случува се' додека не се матурира или дипломира и се стане дел од „реалниот“ свет. Оваа дефиниција била запишана за време на индустриската револуција, кога фокусот бил на тернингот за работа наместо негување на љубовта за учење.


Сите кои го читаат ова биле ученици долго по индустриската револуција. Очигледно, многу работи се промениле оттогаш. Светот е различно место за живеење. Образованието е променето, исто така. Зошто оваа дефиниција не одговара на ученикот денес? Што се променило?

- Информациите немаат иста вредност денес. Барањето, проценувањето и применувањето на информациите е важно. Ученикот не треба да биде добар слушател. Ученикот треба да биде учесник во дискусијата.

- Светот е обединет со технологијата. Учиме повеќе за останатите луѓе. Дел од колективното образование се разликите. Разбираме дека секој не учи на ист начин.

- Не постои нешто како дипломец. Никогаш не завршуваме со образованието. Знаењето и вештините кои ги добиваме на училиште се менуваат, се создаваат нови индустрии и речиси секој од нас ќе промени кариера повеќепати пред пензионирањето... доколку се пензионираме.

- Социјалните мрежи создала култура на споделување. Тие ја покажуваат нашата желба за учење во и надвор од училницата.

- Дефиницијата за „наставник“ се менува. Новите образовни методи бараат од наставниците да ги водат учениците кога поставуваат прашања и истражуваат нови идеи.

- Учениците од овој век се деца на технологијата. Секој ученик нема пристап до најновата технологија, но е дел од нејзиното постоење.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование