X
 25.03.2015 Живот

Како Стив Џобс го тренирал својот мозок?

Стив Џобс е еден од малкумината икони во технолошкиот свет. Тој е најпознат по својата легендарна способност да создава иновативни производи. Она што е помалку познато е дека Стив Џобс бил пионер во медитацијата за намалување стрес и зголемување на креативноста.


Биографот Валтер Исаксон го цитира Џобс:

„Доколку само седите и набљудувате ќе видите колку е немирен вашиот ум. Доколку се обидете да го смирите, правите да биде полошо, но со текот на времето навистина се смирува, а кога ќе се смири има простор за слушање на суптилните работи - тоа е кога вашата интуиција започнува да цути и започнувате да ги гледате работите јасно и да бидете присутни во сегашноста. Вашиот ум успорува. Гледате многу повеќе од порано.“

Сега е јасно дека Џобс бил пред неговото време во поглед на „технологијата на умот“ исто како што бил во технологијата на компјутерите.

Техниката на Џобс

Медитацијата која ја практикувал Џобс се состоела од неколку чекори:

1. Седење со вкрстени нозе на мирно место. Земање длабоки воздишки.

2. Затворање очи и слушање на внатрешниот монолот, мислите кои се движат низ вашиот ум постојано. Не се обидувајте да ги сопрете овие мисли. Само набљудувајте како секоја мисла се префрла на друга мисла. Правете го ова пет минути секој ден во текот на една седмица.

3. По седмицата, започнете со медитација со која се фокусирате на делот од мозокот кој мисли полека и тивко. Примајте ги чувствата околу вас. Не им давајте значење.

4. Кога ќе бидете посвесни за овој дел од мозокот, обидете се да ги смирите мислите кои постојано летаат низ вашата глава.

5. Како што се смирува вашиот мозок продолжете да се фокусирате и на „спориот“ дел од мозокот. Ќе започнете да го чувствувате воздухот на кожата. Доколку ги отворите очите, светот ќе изгледа нов, па дури и чуден.

6. Потребно е време за да стигнете до овој период кадешто ќе го гледате светот на поинаков начин, но доколку бидете упорни ќе знаете дека вежбата ја правите правилно.

Можеби по оваа медитација нема да бидете креативни како Џобс. Но, вреди да се проба, не?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот