Мапите може да бидат одлични алатки за поткрепување на приказните и часовите. Способноста да може да го видат поголемиот контекст или локацијата може да им помогне на учениците да си ја комплетираат претставата за некоја приказна. Ова може да биде од помош за учење историски настани, за поткрепување на биографии или за други корисни работи.
Еве неколку начини на кои учениците и наставниците можат да создадат стории засновани на мапи.
Google Earth - десктоп-верзија
Десктоп-верзијата на
Google Earth е еден од класичните начини за создавање мултимедијални приказни базирани на мапи. Учениците можат да додаваат фотографии, текст и снимки на обележани места на нивната тура.
ESRI Story Maps
„ESRI Story Maps“ е алатка која може да ја користите за да создадете различни приказни засновани на мапи и која ви овозможува комбинирање на фотографии и локации.
Google My Maps
Ова е бесплатен сервис на „Гугл“ за создавање интерактивни маши слични на „Google Maps“. Со
„My Maps“ можете да додавате обележја на места што содржат фотографии и снимки.
Storymap JS
Уште една корисна алатка за создавање мултимедијална мапа со чија помош можете да раскажете некоја приказна.