X
 05.03.2018 Живот

Совети за креативност од легендарната актерка Урсула К. Ле Гвин

креативност

Урсула К. Ле Гвин е најпродаваниот автор на 21 роман и безброј други дела, вклучувајќи раскази, колекции есеи и поезија. Ле Гвин почина на 88-годишна возраст, на 22 јануари 2018 година. Освои многу признанија, како Хуго, Небула, Национална награда за книги и Медал за национална книжевна фондација. Нејзиното наследство продолжува - во нејзина чест во продолжение ви ги нудиме најдобрите совети за креативноста токму од овој иконски автор.

Приклучете се на креативна заедница

Во „Управување со занаетот“, нејзиниот информативен водич за писатели, Ле Гвин ја потенцира важноста да се приклучите на креативната заедница за заемна поддршка, поттикнување, па дури и пријателски натпревар. Групата може да биде онлајн-заедница.

Доколку не можете да ја пронајдете вистинската група, не очајувајте. На крајот на краиштата, мора во одреден момент да бидете сами. Тоа ќе го научите со вежбање на вашиот креативен мускул.

Пуштете корени


Во интервју за „Рум магазин“, Ле Гвин забележува дека доколку „пуштите корени“ некаде, на некое место, тоа може да ја стимулира вашата креативност. „Тоа ми дава време и простор да пишувам“, вели таа.

Не форсирајте


Можете да направите простор за креативноста, но не можете да ја присилите да се појави. Кога станува збор за сопствената креативна „муза“, Ле Гвин изјави дека музата ја контролира повеќе отколку што таа ја контролира музата. Таа доаѓа и си оди. Ако во моментот немате инспирација, прифатете го тоа.

Не плашете се од одбивање


На својата веб-страница Ле Гвин ставила копија од првото нејзино одбивање што го добил нејзиниот агент за книгата „Левата рака на темнината“ (книга што подоцна била продадена во милиони копии). Уредникот го пофалил нејзиното пишување, но книгата ја нарекол „нечитлива“ и рекол дека била сува и без воздух, и ѝ недостигало темпо.

Таа им се обраќа на своите обожаватели и вели дека се надева дека писмото ќе го расположи секој што се соочил со неуспех.

Не давајте отказ на работа (барем не на почетокот)

Креативноста не е само седење дома, пиење кафе и откривање одлични идеи. Тоа е и напорна работа, а парите не доаѓаат веднаш. „Поминав речиси 10 години испраќајќи приказни пред една да биде објавена. Да се биде писател речиси секогаш значи да се има некаков вид платена работа“, изјави во една пригода Гвин.

Не потценувајте ја важноста на вашата дарба


Во „Неколку зборови до младиот писател“, Ле Гвин забележува дека јазикот е исклучително моќен - и може да биде искористен и за добро и за лошо. Кога ја користите вашата креативност, бидете сигурни дека го користите вашиот дар во потрага по вистината, а не измамата. „Писателите знаат дека зборовите се нивниот пат кон вистината и слободата, па така тие треба да ги користат со внимание, грижа, страв и радост. Со користење на зборовите тие добро ги зајакнуваат нивните души“.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот