X
 11.02.2021 Образование

Во Кина ќе се гради населба без автомобили, посветена на образованието и иновацијата

„Градот на иднината“ во Ченгду, Кина, е план за изградба на населба од 4,6 квадратни километри посветена на образованието и иновацијата. Населбата е дизајнирана од архитектонското студио ОМА.


Фото: OMA

Таа ќе вклучува шест групи згради што се моделирани според традиционалните населби во градот, а секоја од овие зони ќе се вклопува во природата во околината. Во новата населба ќе има згради за домување, државни седишта и комерцијални и јавни места. Автомобилите ќе бидат забранети во секоја зона, а жителите ќе може да пристигнат во населбата користејќи специјална мрежа од автономни возила.


Фото: OMA

Предлогот за населбата на ОМА бил одбран на натпревар за дизајнирање на „Градот на иднината“ во Ченгду. Населбата ќе вклучува и меѓународен образовен парк наменет за универзитетите. Овој парк, исто така, ќе биде дизајниран од ОМА.



Фото: OMA

Во паркот од 460.000 квадратни метри ќе бидат сместени повеќе универзитети, лаборатории, канцеларии и студентски домови. Во централната зграда ќе има библиотека и студентски центар, како и аудиториуми и места за работа.



Автор. Лизи Крук
Извор: dezeen.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование