Како се раѓала уличната светлина во Градот на светлината, во времето кога овој град не бил само главен град на Франција?
Во тоа време најпопуларни фотографи биле браќата Себергер. Тие биле толку популарна што денешните најголеми модни куќи како Шанел, Ланвин постојано ги барале за фотосесии на нивните модели. Меѓутоа никој не знаел дека Џулс, Лус и Хенри имале скромно потекло. Тие биле одлични уметнички студенти се` до 1903 година кога Џулс започна да фотографира низ Монмартр.
На крајот неговите браќа ги следеле неговите стапки, и се пријавиле на годишниот фото натпревар во 1904 година; до 1905, тројцата создадоа одличен семеен бизнис, а луѓето започнале да ги бараат насекаде.
Четири години подоцна, тие биле откриени од шефот на модното списание „La Mode Partique“. Барајќи начин да одржува чекор со најновите трендови, магазинот побарал од нив да ја фотографираат уличната мода низ Париз. Браќата станаа првите модни репортери, фотографирајќи вистински моменти наместо фабрикувани пози во студио, често пати работејќи и до 14 часа.
Наскоро и другите магазини како што е „Femina“, „Harper's bazaar“ и „Vogue“ сакале дел од нивната работа. До 20-те години браќата станале толку популарни низ Франција, што модните куќи често пати ги испраќале нивните модели на настани на кои знаеле дека браќата ќе бидат присутни.
Она што е интересно е тоа дека браќата документирале многу повеќе од мода. Познатите актери, бизнисмени, политичари и аристократи на Париз - сите биле фатени од објективот на камерата на браќата.
Во 1923 година Холивуд ги изнајми Себергер да го документираат Париз, користејќи ги нивните фотографии за да постават дизајн. Бизнисот бил толку развиен што двајцата синови на Луис, Жан и Алберт, им се приклучиле на тимот и го воделе бизнисто до 1977 година. Денес, многу од фотографиите на браќата (60.000 фотографии) и` припаѓаат на Националната библиотека на Франција.
Линк до галеријата.