Летз е официјално лансиран денес и целиот свет може да си ја симне апликацијата на својот телефон. Овој македонски стартап неодамна доби инвестиција од 100.000 Евра, токму за апликацијата Летз. Најважниот ден за Летз е токму денес, кога Летз ја лансира својата апликација на една од најпознатите платформи – Продукт Хант.
Еве како изгледа нивниот пласман и како можете да ги поддржите!
За сите оние кои немаат време и најчест изговор им е ,,во гужва сум, ќе те барам,, тука е Летз. На овој продукт се работеше повеќе од пола година, за кулминацијата да се доживее баш денес.
Летз е апликација која се стреми да ја подобри вашата продуктивност во извршување на секојдневните обврски. Луси е една од карактерите на оваа апликација која е базирана на вештачка интелигенција и има неверојатна смисла за хумор. Целта на создавањето на оваа апликација е покрај подобрување на личната продуктивност на корисникот, создавање и градење на една посебна емоционална врска помеѓу Луси и корисникот.
Продукт Хант пак, од друга страна е платформа на која сите светски стартапи целат да си го објават својот продукт и да се пласираат барем меѓу првите пет. Летз денес е дел од таа борба на Продукт Хант и се надеваме дека ќе бидат тоа што заслужуваат – најдобрите!
Подржете го Летз на
ОВОЈ ЛИНК
Држиме палци!!