Додека на пазарот се нудат телефони кои чинат и по 1.000 евра, моментално најголемиот интерес преовладува за моделот кој ќе се продава за само 59 евра. Кон крајот на неделата, премиера ќе доживее новата Нокиа 3310.
Новата Нокиа ќе добие само умерен редизајн, а препознатливите карактеристики ќе бидат задржани.
Ќе има промени на димензијата, телефонот ќе биде полесен и потенок од првиот модел од 2000 година. Тогашниот модел имал монохрон екрај 84х84, а сега екранот е зголемен, иако нема да има HD верзија. Покрај тоа,
телефонот ќе има Андроид оперативен систем.
Се`уште не е познати дали батеријата ќе може да се вади, меѓутоа се знае дека ќе биде посилна. Ќе се произведува во шест бои, вклучувајќи ги сината, црната, црвената и зелената боја.