X
 29.07.2024 Живот

Амстердам starter pack - како да се подготвиш за патување во овој град

Амстердам е познат по долго пешачење, променливо време и развиен велосипедски сообраќај. Каква облека да спакуваш? Дали ти требаат различни обувки? Ако во Берлин сите се облекуваат во црно, кои бои се носат во Амстердам?

Ова се само дел од прашањата што можеби те мачат додека се подготвуваш за твоето големо патување. Но, не грижи се. Ние направивме истражување во твое име и еве што откривме:

Земи си удобни обувки. Амстердам е град во кој се пешачи долго и постојано. Секогаш можеш да изнајмиш велосипед, но пешачењето е еднакво забавно и можеш да наидеш на некоја интересна глетка, која со велосипед брзо би ја одминал.



Не оптоварувај се со дождот.
Не врне толку често колку што се плашиме. Сепак, земи си чадор на расклопување, кој може да ти стои во ранец постојано.

Облекувај се како што сакаш. Амстердам е либерален град, кој е за нијанса поопуштен од Берлин. Ако во Берлин самото шетање по улица е уметнички перформанс, во Амстердам не мораш да мислиш на тоа.

Истражи ги невообичаените знаменитости на градот. На пример, Амстердам има зоолошка со микроорганизми, каде што има разни бактерии, габи или слични животни облици, кои инаку не би биле видливи со голо око. Музејот за флуоресценција е место каде што можете да видите флуоресцентна уметност, но и карпи што светат во темно, како и неколку интерактивни искуства. Амстердам е забавен град што се гордее со тоа што нуди разни неконвенционални искуства за сите посетители.



Држи ја камерата при рака. Амстердам е еден од најфотогеничните градови во Европа. Од малите куќарки, до тесните канали, сѐ во овој град изгледа како потенцијална разгледница и како сеќавање што ќе сакаш да го овековечиш и да му се навраќаш. А и некој инстаграм-пост не е на одмет.

Ако и во тебе инстантно се разбуди желбата да отпатуваш во Амстердам или во Берлин, тотално те разбираме – и имаме супер вест за тебе! Со наградната игра од Шпаркасе банка за сите млади со пакет Vibe On, можеш да освоиш патување за двајца во Амстердам или во Берлин.



Информирај се повеќе на sparkasse.mk и очекувај да бидеш среќен добитник, зошто да не 

(Комерцијална објава)

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот