X
 06.04.2015 Образование

Средношколците ја бојкотираат наставата

Средношколците од неколку скопски гимназии ја бојкотираат наставата. Како што велат тие, причината позади бојкотот е игнорантскиот однос на надлежните кон барањата на Средношколскиот пленум.

 

bojkot


Наставата се бојкотира во шест училишта во Скопје, и уште неколку низ Македонија. Според средношколците, овој начин на изразување на револт е последен обид за привлекување на вниманието на Министерството за образование, како и на министерот Адеми кој и покрај многуте ветувања, сепак се`уште нема остварено средба со нив.

Министерот Адеми вети средба и ги повика учениците да се вратат на настава затоа што овој начин на бојкотирање не е добар ниту за нив, ниту пак за општеството во целина.

„И покрај тоа што бараме средба со министерот, се`уште ништо се нема случено. Најмалку што сакаме е да изгубиме настава и да не одиме на часови. Сакаме дијалог и компромис за решавање на проблемот на мирен начин“, вели еден средношколец.

Инаку минатиот понеделник Средношколската унија оствари средба со министерот Адеми на којашто беше договорено математиката да не биде задолжителен предмет за сите матуранти. Меѓутоа, Средношколскиот пленум не се задоволни од овој договор и стојат цврсто на ставот за нов концепт на матура и екстерно тестирање.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование