Нордиските земји доминираа на „International student statisfaction awards“ за 2015 година.
Ирска го зеде првото место со импресивен просек од 9.04 во рангирањето од студентите. На другиот крај на спектарот се најде Франција, која со просек од 8.02 е најлошо рангирана земја проследена со поплаките поради лошите услуги за студентите и прекумерната бирократија.
Нордиските универзитети заедно имаат 8.9 поени.
„Скандинавските универзитети се`уште владеат со врвните места во однос на меѓународното студентско задоволство. Тие се доста ценети поради добро организираните студентски услуги, високото ниво на академските барања, а студентите дури и покрај екстремните временски услови, сепак се одлучуваат за овие земји поради ниските трошоци за живот“, се вели во соопштението.
Можеби затоа што дома им е најубаво, скандинавските студенти покажаа најниско ниво на задоволство кога учат надвор од нивната земја.
Истражувањето се базира на 17.018 рецензии од студентите.