Авганистан е речиси уништен од војна, но често гледаме слики од момчиња кои играат фудбал на улиците. Девојчињата не се храбрени да учествуваат во спортови, а најчесто ниту да добиваат образование. Згора на тоа, насилството и сиромаштијата ги направило улиците низ земјата несигурно место, особено за децата. Се чини дека Авганистан е последната земја на светот каде би имало училиште за возење скејт. Но, токму таму има едно такво училиште, и тоа 40% од учениците се припадници на женскиот пол.
Австралискиот скејтер Оливер Перкович го посетил Авганистан во 2007 година и веднаш бил „нападнат“ од дечиња кои сакале да научат да возат скејт. Тој се преселил во Кабул со една мисија - да отвори училиште за скејт. „Skateistan“ е непрофитно училиште каде девојчињата и момчињата може да научат да скејтаат во сосема нов парк, притоа учејќи за околината, уметностите и здравјето во училници.
Авганистанците сметаат дека возењето скејт е соодветна активност за девојчињата, но законски тие мора да бидат обучувани само од жени. Училиштето работи со деца и млади на возраст од 5 до 25 години, додека 60% од учениците доаѓаат од сиромашни семејства. Тие дури добиваат превоз од своите домови до училиштето.
За децата, најпривлечно е возењето скејт, но образованието е нешто што добиваат како бонус.