ХОПС – Опции за здрав живот Скопје по четврти пат организира “Летна школа за зависности од дроги”.
Оваа седумдневна летна школа ќе понуди мултидисциплинарен пристап за учење за зависноста од дроги, пристап кој ќе ги земе предвид социјалните, медицинските, но и политичките прашања. Целта на летната школа е да ги едуцира младите стручни кадри за работа на полето на зависноста од дроги. Школата посебно ќе се фокусира на моделите на политика за дроги, третманите базирани на докази, намалување на штети, психосоцијална подршка и концептот на човекови права на корисниците на дроги.
Ве покануваме да земете учество во работата на четвртата Летна школа за зависности во Македонија.
Со големо задоволство ќе Ве пречекаме во хотел Белведере на брегот на Охридското езеро на 22 јуни 2015 година.
Програма (теми кои ќе бидат опфатени)
- Координиран одговор во едукацијата на млади кадри во однос на зависностите и ХИВ/СИДА
- Глобална состојба со дроги во светот и Македонија
- Дефинирање на проблемот, употреба, зависност од дроги, видови дроги
- Третман на лица зависни од дроги
- Намалување на штети од употреба на дроги
- Психосоцијални сервиси за корисници на дроги
- Проблемот со дрогите во затворскиот систем
- Родови аспекти во развивањето на програмите за работа со лица кои употребуваат дроги
- Корисници на дроги и човекови права
- Општествени истражувања за дроги, потреби, методологија, пракса
- ХИВ/СИДА, предрасуди и ДСТ сервиси
- Посета на Центарот за превенција и лекување на зависности во Охрид
- Посета на програмата за намалување на штети во Охрид
Предавачи
Предавачите ќе бидат искусни практичари, психијатри, доктори, социјални работници и професори од Македонија:
- Славица Гајдаѕис Кнежевиќ
- Вања Димитриевски
- Наташа Бошкова
- Христијан Јанкулоски
- Дарко Костовски
- Катерина Спасовска
- Влатко Деков
- Аница Димовска
Критериуми за учество
- Дипломирани или студенти од завршните години на студии од:
- областа студии за социјална работа и социјална политика
- областа правни студии
- областа медицински студии
- областа студии за безбедност, полиција и детективи
- областа студии за психологија
- Постдипломци од наведените области
- Млади стручни работници кои веќе работат на полето на зависностите
Пријавените кандидати треба да бидат помлади од 35 години.
Локација
Хотел Белведере на брегот на Охридското езеро
Сертификат
Сертификат за учество на летна школа и стекнати знаења ќе добијат сите учесници.
Начин на пријавување
Вашата заинтересираност и мотивираност за учество на Летната школа изразете ја во мотивациско писмо и заедно со Вашата кратка биографија (CV) испратете ги на е-маил: anicad@hops.org.mk најдоцна до 07 мај 2015 година.
Сите трошоци за летната школа се обезбедени од организаторот.
Рок за пријавување
07 мај 2015 година
Сите пријавени кандидати ќе бидат известени за исходот, по електронски пат најдоцна до 20 мај 2015 година.
Контакт
www.hops.org.mk
Аница Димовска – Програмска асистентка за едукации
ЦЕДИ – Центар за едукации, документирање и истражување
ХОПС – Опции за здрав живот Скопје
Понеделник до петок од 09 до 16 часот
02/ 5200 732
anicad@hops.org.mk