Македонска делегација составена од пет претставници од Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ и двајца претставици од Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ од Скопје во периодот од 17 до 30 јули ја посетува меѓународната летна школа за млади „Нашето единство е во нашата разновидност“ на Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ во Тамбов, Русија.
200 учесници од 30 земји се дел од 14-дневната мултикултурна, образовна и едукативна платформа. Нашите студенти заеднички соработуваат и се дружат со студенти од Русија, Италија, Чешка, Полска, Србија, Виетнам, Кина… За студентите дополнително беше подготвена и културна и едукативна програма за Тамбовската Област.
Сите програми на летната школа се изградени врз принципот на проектните активности и гејмификација на образовниот процес.
„Програмата на летната школа се состои од неколку делови: технологии, комуникација, наука и иновации, креативност, образование и економија”, вели Татјана Осадчаја, проректорот за меѓународни односи и работа со странски студенти од Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Тамбов, Русија.
Во спортските активности, екипа составена од учесници од Македонија, Мароко, Русија, Полска и Кина на 21 јули го освои првото место.
Летната школа ќе заврши симболично на 30-ти јули, Меѓународниот ден на пријателството.