Нестабилното време ќе продолжи и денес. Ќе биде облачно со врнежи од дожд, а на повисоките места над 650 метри и на планините со врнежи од снег. Врнежи од снег ќе има и на сите планински превои.
Врнежите ќе бидат проследени со засилен северен и северозападен ветер, а во западните предели ќе дува засилен североисточен ветер. Ветерот ќе достигне брзина и до 40 км/ч.
Утринските температури од -3 до 6 степени, а максималните дневни до 0 односно до 9 степени.
Во Скопје во вторник ќе биде облачно и нестабилно со врнежи од дожд и ветровито. Ќе дува засилен северозападен ветер. Утринската температура од 3 степени, а дневната ќе достигне до 6 степени
Во среда во утринските часови врнежите ќе престануваат и во текот на денот ќе биде умерено облачно со услови за сончеви периоди и пораст на температурите. Умерено облачно со сончеви периоди ќе биде и во четврток.
Во петок и сончево сончево и топло со осетен пораст на дневните температурите. Утринските температури од -2 до 8 степени, а дневните од 10 до 22 степени.
Weather4all.com.mk