Доктор Ху нема да оди никаде барем следните неколку години. Стивен Мофат има план за најмалку пет години. Тоа значи уште најмалку пет години „Доктор Ху“.
Во едно интервју за „
Радио тајмс“, авторот и продуцент на серијата „Доктор Ху“, Стивен Мофат гледа назад кон последните десет години.
„Претпоставував дека ќе трае десет години. Не мислев дека после десет години Би-Би-Си ќе ме повикаат да зборуваме за нивниот план за следните пет години! Ќе бидат најмалку 15. Реално, јас би можел 26!“
Значи, се има план... Тој открил и дека еднаш Би-Би-Си му објаснувале дека рејтингот на серијата ќе опадне некогаш. Но, тоа не се случило (за среќа).
Мофат можеби има план за уште пет години, но ние посакуваме уште десет.