X
 15.09.2018 Култура

Џон Сноу сепак знае сѐ: „Kрајот на „Игра на троновите“ е прилично контроверзен“

Последната епизода од серијата на „Игра на троновите“ нема да ги задоволи сите фанови, а тоа не е ни возможно. Токму тоа го потврди и актерот Кит Харингтон, кој го глуми Џон Сноу.

Харингтон го заврши снимањето на серијата и веќе го наговести самиот крај.

-Завршувањето на серијата што се прикажуваше 8-9 години беше доста тешко. Мислам дека за многу нема да биде среќен крај, но не може сите да бидат задоволни - вели актерот.

Тој наведува дека неговите омилени серии „Сопранови“, „Брејкинг Бед“ и „Д Вајр“ токму така и завршиле.

-Не беа сите задоволни со последните епизоди од овие серии - додава тој.

Серијата „Игра на троновите“ се враќа на малите екрани во 2019 година, но за осмата сезона се знае многу малку. Се очекува многу ликови да не го доживеат крајот.

крај
Фото: НВО

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура