X
 09.04.2015 Култура

Група американски студенти на културолошка посета на Македонија

Универзитетот „Евангел“ е приватен христијански универзитет од САД. Неготинци веројатно го знаат овој факт бидејќи неодамна имаа гости кои се студенти таму.


Група студенти од универзитетот биле испратени на патување за време на пролетниот распуст кој го имаат во државата. Професорот Стив Смолвуд ги испратил студентите кај нас. Самиот тој патувал со нив.

Целта на универзитетот е да ги изложи студентите на останатиот дел од светот, или барем дел од него за да доживеат мултикултурно искуство. Групата била сместена во Неготино.

Студентите, заедно со својот професор го посетиле и Скопје. Пишуваат дека посетиле повеќе стари градби, како и Меморијалниот центар на холокаустот во центарот на градот.

Патувањето вклучувало и неколкудневна работа со ромските деца во Шуто Оризари.

Можеби треба да чекаме уште една група студенти наредната година?

Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура