X
 24.06.2016

Која е причината за лошите перформанси на учениците?

Една од најспорните јавни дебати денес ги вклучува образовните реформи. Така на пример, Америка се соочува со голем проблем во образованието и во американските училишта, што има огромно влијание врз стандардизираните резултати од тестовите на глобално ниво.

 

ученици


Како што велат експертите, економските разлики се наоѓаат на прво место. Како што пишува Пол Тоф, поголемиот дел од учениците е во јавните училишта имаат ниски приходи. А ниските приходи се лош показател за перформансите во училиштата, и тоа не само во Америка, туку и на глобално ниво.

Во 2007 година, консултантската фирма „МcKinsey“ истражувала 25 од најдобрите образовни системи во светот. Тие пронашле три клучни фактори во перформансите:

- Ангажирани биле најдобрите наставници
- Наставниците беа поддржани во сопственото продолжување на образованието
- Беше создадена настава со висок квалитет за децата од сите социјални и економски нивоа.

Но, што кога станува збор за учениците? Јасно е дека приходите не се движечки фактор, туку карактерниот развој. Всушност, некогнитивните вештини како што е социјалната свест и само-управувањето се вредни индикатори за подобрените перформанси.

Во неговата статија, Таф се насочува кон тоа што би го запрело формирањето на еден карактер. Неговиот одговор е јасен: стресот. Учениците кои потекнуваат од насилни семејства и средини и од семејства и средини кои не овозможуваат поддршка (во кои економијата игра улога), не се во можност да развијат повисоко ниво на размислување. Со оглед на тоа што мозокот на човекот е речиси формиран од шест годишна возраст, а се потребни уште дваесет години за да се поврзат сите нервни мрежи - тинејџерите имаат многу поголеми шанси да делуваат врз основа на емоциите отколку на рационалноста. Потоа се јавуваат негативни повратни информации, во кои родителите и наставниците им кажуваат на учениците дека не се вредни. Сето тоа влијае врз самите ученици и нивниот карактер.

Додека системот може или не може да се вмеша во создавањето на ваквите услови, сигурно е дека не е опремен за рехабилитација или советување. Растечките истражувања во невронските мрежи и развојната психологија имаат потенцијал да поттикнат ново разбирање за тоа како треба да се едуцираат децата. Додека трауматизираните епизоди во раното детство тешко се надминуваат, тие не се смртни казни; нервната пластичност значи доживотен процес кој наставниците треба да го имаат во предвид кога се соочуваат со проблемите на учениците.

Истражувањата направени во Финска, една од најдобрите земји за образование како и една од земјите во кои без разлика на економскиот статус, учениците имаат одлични перформанси на училиште. Питер С.Вајброу наведува три фактори кои се од клучно значење за успехот на земјата.

Учениците не одат во основно училиште до 7 годишна возраст; времето поминато на училиште е пократко отколку во училиштата во другите земји; исто така и покреативен, поразигран ангажман со природниот свет.

Дел од ова ја поддржува теоријата на Таф поврзана со стресот. Меѓутоа, голем фактор игра и вежбањето. Истражувањето направено во училиште во Чикаго, односно приградскиот систем Напервил и програмата „Zero Hour PE“. Кардио сесијата создаде веродостојни резултати. На крајот од првото полугодие, учениците покажале подобрување од 17% во читање и разбирање. Учениците кои учествувале во програмата имале повеќе енергија и биле повеќе фокусирани, особено за време на најтешките часови.

Неповрзаноста помеѓу мозокот и телото постојано се споменува во образовните дискусии. Програмите во голем дел од училиштата низ светот не вклучуваат посветеност на часовите по физичко и ликовно. Спротивно на тоа, образовниот систем на Финска се залага за креативен и разигран ангажман. Невозможно е на возраст од шест години, децата да поминуваат шест до осум часа седнати во непријатните клупи. Друг проблем е исхраната и како таа влијае врз телото на децата.

Токму тука образованието не успева: недостаток на физичка активност. И ова се двата најголеми катализатори на стрес. Логично е повеќето од децата да имаат зголемено незадоволство па дури и да станат насилни: тие не можат да ја потрошат енергијата и креативно да се изразат. 
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk