X
 22.10.2015 Образование

Како ќе се разликува образованието за 100 години?

„The Atlantic“ праша неколку професори, инженери и новинари што мислат за образованието во иднината: Дали тоа ќе се промени за еден век и на кој начин?


„Дали ќе треба да имате знаење или само ќе треба да бидете процесор на информации и аналитичар?“, праша новинарката Аманда Рипли.

Џош Кофман, автор, смета дека образованието на иднината ќе биде обликувано од автоматизацијата и технологијата. Од друга страна, професорката Памела Фокс се надева дека образованието во иднина ќе стане попрактично наместо академски насочено.

Дизајнерот Тим Браун, исто така, се надева дека образованието во иднината нема да биде основано на помнење факти, туку дека ќе имаме нови начини на учење и применување на знаењето. Вилијам Дересевич, пак смета дека образованието ќе остане суштински непроменето. 



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование