X
 09.04.2015 Технологија

Забрзајте ја работата на вашиот таблет со едноставни чекори

Можеби вашиот таблет е нов, но не му треба долго време за да започне да биде „проблематичен“ доколку не се грижите соодветно за него. Понекогаш, таблетите не реагираат или не се вклучуваат. Погрижете се да направите се' што е во ваши раце за уредот да работи добро.


Намалете ги очекувањата

Таблетот никогаш нема да работи толку брзо како денот кога го купивте. Бидете трпеливи и свесни дека се работи за уред кој е направен за кратка употреба.

Повторно стартувајте го

Можеби звучи како очигледно решение, но некои забораваат на него.

Проверете ја мрежата

Можеби вашиот интернет сигнал е тоа што го предизвикува проблемот. Многу апликации на таблетот се вклучуваат со интернетот и доколку мрежата е слаба, би имале проблем.

Исклучете ги анимациите

Одете во „Settings“ и намалете ги движењата, односно анимациите за да го забрзате работењето на таблетот.

Проверете ја меморијата

Некои апликации и игри заземаат многу простор на таблетот и може да ви предизвикаат проблеми со брзината или батеријата.

Намалете ја активноста

Апликациите како „Launch Center Pro“ и „Workflow“ покажуваат колку типкања правите за да отворите или користите одредена апликација. Помалку типкање = побрз таблет.

Исклучете се' што работи во позадина

За почеток, проверете ги сервисите за локација, реклами врз основа на локација, фитнес следење, популарни активности во близина итн.

Проверете дали таблетот ги има најновите верзии на се'

Апликациите и останатиот софтвер бараат редовно надградување. Проверете дека се' е надградено.

Затворете се' што не користите

Можеби заборавивте да го сторите тоа мислејќи на поинакво решение? Проверете.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија