X
 26.09.2015 Технологија

Таблет чека во редица за новиот iPhone во Сиднеј

Четвртата личност во редот за нов iPhone 6S во продавница на „Apple“ во Сиднеј, Австралија, не е присутна во живо.


„Mashable“ известува за новиот „метод“ тестиран од Луси Кели, која „чека“ во редот преку робот. Нејзиниот таблет го чува местото за неа во огромната редица. Овој експеримент има и друга цел - да привлече внимание кон медиумска фирма во Сиднеј.

Роботот на Луси се крие под специјален шатор кој го заштитува од дождот и е вклучен во полнач за да функционира во текот на чекањето.


Интересно е тоа што Луси планира да го купи новиот телефон без да биде присутна, барем не физички. Како би функционирало тоа? Сè уште не се знае.

Ова е светот во кој живееме денес, народе.



Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија