X
 11.04.2015 Технологија

Како ќе изгледа компјутерот на иднината?

Десет години наназад речиси со сите мобилни телефони управувавме на сличен начин, со помош на физичка тастатура, а денес сето тоа е заменето со голем екран на допир и виртуелна тастатура.

 

2


Трендот на екранот со допир во последните години е прифатен и од страна на производителите на компјутерите и некои преносни компјутери доаѓаат со такви екрани, а се` е поголем бројот и на класични монитори со екрани чувствутелни на допир.

„Hewlett-Packard“ го претстави „компјутерот на иднината“ кој воопшто нема глувче и тастатура, туку со него целосно се управува со екран на допир, но и дополнителен простор (екран) чувствителен на допир кој се користи како виртуелна тастатура.

„Model Sprout“, освен поради интересниот начин на управување, специфичен е и по тоа што доаѓа со проектор (кој се наоѓа под екранот), има четири камери и скеенр кој може да скенира 2D, но и 3D предмети. После скенирањето на 3D објекти, корисниците со тие предмети може да манипулираат, да го движат екранот и да го користат во апликации. Исто така, преку Stylus (пенкало за пишување на екранот на допир) може да се цртаат предмети.

Што се однесува до компјутерот, ова е all-in-one модел (нема класично куќиште, туку сите компоненти се наоѓаат во самиот монитор), работи на Intel Core i7 процесор, има 1 TB простор за складирање на податоците и доаѓа со најновата верзија на Windows.

HP Sprout во продажба ќе биде пуште на 9 ноември во Америка, а неговата цена ќе изнесува 1.900 долари.

 

Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија