Дури и препишувањето на испит не е како што беше некогаш. Студентите денес се покреативни во методите на препишување, но и професорите имаат креативни идеи со кои го спречуваат препишувањето.
Мери Џој Манден-Ортиц, професорка од Филипините, станала светски позната поради една таква идеја. Нејзината „иновативна“ и малку невообичаена метода за борба против препишувањето ги одушевила корисниците на социјалните мрежи.
Во градот Легазпи на Филипините студентите во текот на испитот на главите морале да носат „заштита“ која ќе го спречат препишувањето. Студентите имале задача сами да ги изработат овие помагала. Се покажало дека и тие можат да бидат креативни како и нивната професорка.
На фотографии од испитот може да се видат креации од картон за јајца, закачалки, шапки и друго.
Според професорката, која предава машинско инженерство на колеџот по инженерство „Бикол“, иницијативата била успешна бидејќи никој не препишувал. Таа открила и дека резултатите на студентите биле подобри оваа година бидејќи биле мотивирани да учат повеќе.
Извор: Moj faks
Насловна фотографија: Facebook