Фејсбук го отпушти практикантот кој ја создал апликацијата која ја откри слабата точка на Месинџерот на Фејсбук.
Студентот Арана Кана, кој ја создал апликацијата „Marauder's Map“, им овозможи на корисниците на Месинџер да ја утврдат точната локација на секое лице со кого разговараат, дури и ако не се пријатели на Фејсбук. Оваа екстензија на Хром беше преземена околу 85.000 пати.
Кана на 26 мај на Reddit го објавил постот во врска со екстензијата, меѓутоа како што вели тој, другиот ден го контактирале официјалните лица од Фејсбук барајќи од него да ја избрише екстензијата и да не разговара со медиумите за тоа. Три дена откако тие објавиле дека му понудиле стажирање, ја повлекле понудата за стажирање.
Една недела подоцна Фејсбук ја објави надградбата на Месинџерот во која го реши проблемот. Портпаролот Мет Стеинфилд изјави дека надградбата се подготвувала со месеци и дека Кана ги злоупотребил податоците на корисниците.