X
 13.04.2015 Наука

Податоци од сателитите покажуваат дека Земјата е се` позелена

зелена

 

Не се често добри вестите од научниците за природната средина. Но, едно ново истражување за природата и климатските промени, открива дека во изминатите неколку години, планетата Земја е се` позелена, акумулирајќи дополнителни 4 тони на биомаса (вегетација) помеѓу 2003 и 2012 година.


Ова е добра работа, бидејќи растенијата земаат јаглерод диоксид од атмосферата, „заклучувајќи“ ги штетните стакленички гасови.

Меѓутоа, ова истражување не е во потрага по директната врска меѓу количината на јаглерод диоксидот во атмосферата и растот на растенијата. Дури и ако дополнителните растенија прават разлика, факт е дека јаглерод диоксидот со децении се зголемува во атмосферата.

Дополнително зеленило доаѓа од неколку места: од поранешните советски држави; на овие места шумите започнале да растат, додека во Кина, кампањите за масивно засадување на дрвјата се чини дека помагаат и повеќе од доволно. Истражувачите исто така пронајдоа дека повеќе сушни области добиваат поголема вегетација, вклучувајќи ги и грмушките во саваните во Африка, Австралија и Јужна Америка.

Истражувањето искористи неколку сателити за да погледнете во промените во ветацијата во изминатите неколку години. Преку влечење на податоци од различни сателити, тие беа во можност да дознаат колку живи растенија се наоѓаат на нашата планета во изминативе 20 години.

Иако во последните години се чини дека работите се подобруваат, прогнозата и не е баш најдобра. Тимовите на научници се`уште наоѓаат огромни количини уништување на дождовните шуми во Јужна Америка и Југоисточна Азија.
Подготвил: Тамара Мисирлиевски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука