Во 80-тите години на минатиот век Би-би-си била водечка компанија која им ги носела компјутерите на луѓето. Проектот за компјутерска писменост бил толку популарен, што довело до тоа Би-би-си да објави сопствен компјутер - „би-би-си микро“. Исто така, компанијата ги учела гледачите како да програмираат.
Сега Би-би-си одлучи да ги објави сите свои проекти за да ги инспирира генерациите млади што доаѓаат, на ист начин како што го правела тоа во 80-тите години.
Фото: YouTube
Проектот за компјутерска писменост во свое време бил голем подвиг, а имал цел да ги научи гледачите на техники за програмирање за да ги искористат предностите од новите технологии. Исто така, проектот доведе до објава на споменатиот компјутер „би-би-си микро“, а вклучува и интервјуа со иноватори од тоа време, како Бил Гејтс и Стив Вознијак.
Со објава на оваа архива може да погледнете 267 програми што биле дел од проектот, 166 „би-би-си микро“ програми што се користеле тогаш, а можете и да научите многу за историјата на овој проект.
Моментално
Би-би-си не е вклучен во сферата на компјутерите како што бил во 80-тите, но продолжи да нуди можности за младите програмери за тие да ги усовршуваат своите вештини. Една од таквите акции е и „Би-би-си микро:Бит“ мини-компјутер на кој работат милион ученици во Велика Британија.