X
 18.05.2017 Технологија

11-годишно момче би ги посрамотило и најискусните хакери

„Од авион до автомобил, од смартфон до паметни куќи, било што и било која играчка може да стане дел од Интернет работите (IOT)“, рекол 11-годишникот на Светскиот форум во Хаг.

фото извор: YouTube

„Од терминатор до играчка мече, се е можно да се претвори во оружје“, додава момчето.

За да ги демонстрира своите тврдења, момчето на своето мече му покажал како е можно да се поврзе со играчка преку „Wi-Fi“ или „Bluetooth“, заради примање и праќање на порака. Потоа својот лап топ го поврзал со уред познат како „Raspberry Pi“ – компјутер со големина на кредитна картичка, кој проверил дали во просторијата има уред со „Bluetooh“. Момчето потоа на општо чудење на сите присутни презел голем број на фајлови и податоци, вклучувајќи и некои доверливи. Потоа со програмскиот јазик „Python“ го хакирал системот во играчката, ги активирал сијаличките на мечето и го снимил она што публиката го зборувала.

Таткото на момчето, ИТ експерт Мано Пол, објаснил дека неговиот син уште на 6 години почнал да ги покажува своите компјутерски вештини. Малиот Рубен, кога добил објаснувања од својот татко како функционира одредена игра на смартфон, тој открил дека се работи за истиот вид на алгоритми кои стојат позади популарната видео игра „Angry Birds“.

Пол бил навистина шокиран кога момчето за прв пат успеал да хакира автомобил играчка. Потоа преминал на многу покомплицирани работи. Рубен ја основал и својата непрофитна организација „CyberShaolin“.

Желба му е еден ден да стане студент по сајбер безбедност на Калифорнискиот технолошки универзитет или Универзитетот за технологија во Масачусетс, за да ги искористи своите способности за општо добро.

Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија